Evro Mebel
  Дома I Хумидор I Производи I Профил I Контакти I Коментари    
 
ПРОФИЛ

„Евромебел“ е фирма со долгогодишна трдиција и се занимава со дизајн, производство и доработка на секаков вид мебел:

- домашен мебел,
- канцелариско опремување,
- медицински намештај и
- секаков друг вид специјализирани производи од дрво и дрвени преработки.

Покрај редицата мајстори кои работат во „Евромебел“, нашата комапнија има вработено и архитекти кои се грижат за ижинерингот и дизајнот на нашиот оригинален намештај. Компанијата ја поседува сета неопходна опрема за комплетна обработка на дрво и производство на намештај од најразновидни материјали: повеќе видови дрво, оплеменета иверица, медиапан, масивно дрво, шперплоча и други.

Нашите досегашни клиенти ги вклучуваат:

- Brown & Root
- Mercy Corps International
- Мисија на Светската банка во Скопје
- Министерство за здравство на Република Македонија
- Резиденциите на австрискиот и холандскиот амбасадор во Македонија
- Лек - Скопје
- Хотел Софка - Скопје

Основачот, сопственикот и директорот на „Евромебел“, Тодор Стојановски со дејноста на обработка на дрво се занимава повеќе од 30 години, поточно од 1970 година, работејќи на повеќе работни места, рамо до рамо и во соработка со умешни мајстори, кои му овозможија да ги открие сите тајни на квалитетната обработка на намештај. Од 1999 „Евромебел“ е специјализиран за производство на Хумидори.

  En I Mk             Мапа на сајтот I 2005 © SHUMI  
© Goran Ivanoski - goransume@gmx.net