Evro Mebel
  Дома I Хумидор I Производи I Профил I Контакти I Коментари    
 
ХУМИДОР
ПРОИЗВОД - ХУМИДОР

Едноставно кажано, хумидор е сандаче за складирање и чување на пури, без разлика дали се индустриски произведени или рачно виткани. Сето тоа би било едноставно кога вистинските кубански и доминикански пури не би биле под број 1) астромонски скапи и тешко достапни и под број 2) Не би изискувале специјален третман и нега од кои зависат префинетиот вкус и квалитетот на добрите пури.

TIP 06
Тодор Стојановски, споственикот на „Евромебел“ и човекот кој стои зад производството на првите македонски хумидори, е мајстор на својот занает. Г-дин Стојановски со обработка на дрво и изработка на производи од дрво се занимава повеќе од триесет години.
TOBACCO
Тимот на „Евромебел“ и г-дин Стојановски гордо Ви го претставуваат својот производ, чиј дизајн од неодамна е заштитен како оригинална изработка.
Хумидорот има можност за складирање на голем број пури и содржи елегантна изведба, со преку 20 стилизирани завршници, меѓу кои е и темниот орев со внатрешност од најквалитетни дрвени масиви. Внатрешноста на магацинот за складирање на пури е изработена од варена буковина тестирана по највисоките стандарди за одржување на долговечноста на истите.

Како и секој високо квалитетен производ од овој вид, нашиот хумидор има хигрометар за контрола на влажноста во неговата внатрешност со кој се добива и упатство за употреба.

Решеткастиот дел на хумидорот е магацин за складирање на пурите. Под овој решеткаст дел е поставен навлажнувач со сунѓер во кој се става дестилирана вода за одржување на влажноста, а за целосна сигурност на Вашите омилени пури, хумидорот содржи и бравичка за заклучување на складот.

Конечно, хумидорот има можност и за монтирање на ѕид за што на купувачите им се испорачуваат сите неопходни делови.
  En I Mk             Мапа на сајтот I 2005 © SHUMI  
© Goran Ivanoski - goransume@gmx.net