Evro Mebel
  Дома I Хумидор I Производи I Профил I Контакти I Коментари    
 
ИНСТРУКЦИИ

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ВАШИОТ НОВ ХУМИДОР ЗА УПОТРЕБА

Вашата грижа и одржување на хумидорот е многу важна и критична. Немојте само да ги ставите пурите во хумидорот веднаш откако ќе го добиете без да го подготвите. Направете ги овие три чекори опишани подолу и дури потоа Вашите пури можат да бидат правилно складирани.

1. Подготвување на внатрешноста на хумидорот
2. Подготвување на навлажнувачот на хумидорот
3. Калибрирање на хигрометарот на хумидорот

1. Подготвување на внатрешноста на хумидорот - пред било што друго да направите, со дестилирана вода или некоја друга солуција исчистете ја внатрешноста на хумидорот со волнена крпа благо натопена со вода, со што таа ќе добие одредена влажност. Потоа, во еден сад ставете 2 до 3 децилитри дестилирана вода и оставете го во внатрешноста на хумидорот да отстои 24 часа. После 24 часа внатрешната влажност на хумидорот ќе биде во состојба да ја одржи свежината на пурите. Доколку сето ова не е направено, дрвото од кој е направен хумидорот ќе ја извлече влажноста од Вашите пури или од овлажнувачот на воздух.

2. Подготвување на навлажнувачот на хумидорот - поставете го навлажнувачот на воздух во сад и наполнете го со дестилирана вода во висина на половина од садот. Вака подготвен можете да го поставите навлажувачот во хумидорот и со тоа го завршивте приготвувањето на внатрешноста на Вашиот нов хумидор за одржување на целосна свежина на вашите пури. Наново приготвување на навлажнувачот на воздух треба пак да се направи зависно од вашата употреба.

---------

НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ ВОДА ОД ЧЕШМА - Водата од славина како и изворската вода содржат минерали и хемикалии, кои не само што можат да го затнат освежувачот на воздух, туку можат и да доведат до појава на непријатен мирис.

3. Калибрација на хигрометарот - навлажнете и исцедете една крпа, така што да е добро навлажнета. Следно што треба да направите е да го обвиткате хигрометарот со крпата и да го оставите во таа полжба 45 минути или подолго. Потоа, брзо одвиткајте ја крпата и прочитајте го нивото на влажноста. Ако хигрометарот покажува 100 отстотна влажност, тогаш тој е перфектно калибриран. Сепак, ако тоа не е случај, тогаш завртете го хигрометарот на грб и ќе забележите мала завртка за регулација. Со мал шрафцигер подесете ја завртката се додека хигрометарот не покаже 100 отсто. Потоа, ретестирајте го хигрометарот повторно. И, ако е неопходно, завртете го завртувачот на хигрометарот повторно.

Хигрометарот е инструмент кој во проценти го покажува степенот на атмосферската влажност (степен на концентрација на влага во воздухот). Ако сакате да се потпрете на точното мерење (индикација), Ви препорачуваме да го регенерирате инструментот барем еднаш годишно.

  En I Mk             Мапа на сајтот I 2005 © SHUMI  
© Goran Ivanoski - goransume@gmx.net